ЗАПОЧНУВА УРЕДУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид
вечерва започнува акција на уредување на хоризонталната сообраќајна сигнализација,
односно бојадисување на осовинските линии и пешачките премини на неколку улици:
Булевар “Туристичка“, “Македонски просветители“, “Димитар Влахов“,“ Партизанска“
и “Јане Сандански“. Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата.

Уредувањето на хоризонталната сигнализација ќе се реализира во вечерните часови во
наредниве две недели кога е намален интензистетот на сообраќај , и истата ќе биде
соодветно означена. По тој повод надлежните од општина Охрид апелираат до охриѓани
во вечерните часови да се воздржуваат од паркирање на своите автомобили на горенаведените
улици со цел истата да се реализира непречено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *