ЛЕТЕН РЕЖИМ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАРКИНЗИТЕ

ЈП Билјанини Извори – Охрид,  ги известува граѓаните дека во летниот период (месеците јуни, јули и август) со почеток од 01.06.2016 година ќе изврши промена на цените за користење на паркинг простор во зона А и зона Б, со кои стопанисува ЈП.Билјанини Извори – Охрид. Измената на цените се изврши со дадена одлука од Советот на Општина Охрид со број 08-6405/4, врз основа на донесена одлука на Управен одбор на Билјанини Извори – Охрид со бр.02-481/2 од 04.05.2013 год. за летен режим на сообраќај во централното градско подрачје . Цените во зона А за физичко лице изнесуваат 40 денари за час, додека во зона Б цената за физичко лице за секој час паркирање изнесува 30 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *