ОТВОРЕН ПОЧЕСЕН КОНЗУЛАТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО ОХРИД

Во Конгресниот центар кај населбата Коњско, денеска свечено беше отворен почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, Министерството за надворешни работи, Македонската православна црква,Локалната самоуправа и бројни гости, амбасадорот на Руската Федерација Олег Николаевич Шчербак, на почесниот конзул проф. д-р Велимир Стојковски  му го врачи указот за назначување , по што следеше отворање на почесниот конзулат.


Со отворањето на почесниот конзулат во Охрид, традиционалните добри односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, како што беше речено на свеченоста, ќе се продлабочуваат во сите области, особено во културата и духовниот живот на граѓаните од двете држави.

Досега во Охрид почесни конзулати отворија Република Турција, Република Полска и Република Словенија, а има најави за отворање почесни претставништва и од други држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *