ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

По повод одбележувањето на 24.Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот Никола Бакрачески, упати празнична честитка.

-Нека ни е честит Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј кое нè обврзува  да продолжиме да ги промовираме нивната мисија на учење и традицијата која се темели на мирот, духовното богатство на луѓето, меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Кирил и Методиј , веруваа во правото на секој народ да го користи својот јазик, а врз основа на тоа да го гради својот идентитет, литература и култура.

Нивното дело, за нас  е посебно важно, бидејќи нивните ученици Светите Климент и Наум, во Охрид ќе го основаат сесловенскиот духовен и книжевен центар. Охридскиот книжевен центар по својот идентитет е духовен извор со посебни карактеристики, диференцијално етаблиран повеќе од било кој словенски духовен центар и  претставува темел на продолжувањето на кирилометодиевистиката традиција- се вели во празничната честитка на градоначалникот Никола Бактачески, по повод одбележувањето на 24.Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *