ЕВН ТРЕБА ГО ЗАМЕНИ ОШТЕТЕНОТО БРОИЛО СО НОВО ЗА ДА ЗАСВЕТАТ ТРИ ГРАДСКИ УЛИЦИ

Општина Охрид денеска од надлежните служби на ЕВН Македонија побара во најскоро време да го заменат броилото за улично осветлување кое е во дефект со ново, затоа што истото е причина деновиве без улично осветлување да се три градски улици“Марко Цепенков“од кружен тек 2 до Стобекс, улица “Прва Македонска бригада“ од Стобекс до воениот магацин и улица “Момчило Јорданоски“ од кружен тек 2 до населбата “Бараки“, лево и десно, како и до Охрид 2 односно до таканаречената 110-ка.
Од ЕВН Македонија велат дека во најскоро време ќе го заменат оштетеното со ново броило и трите улици повторно ќе бидат осветлени во целост.
Инаку броилата за улично осветлување се на општина Охрид но промената ја врши ЕВН – Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *