Утре во 10 часот низ Охридските улици ќе се одбележи денот на пожарникарите

Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици утре во 10 часот  охридските пожарникари ќе го започнат  одбележувањето на 20 мај- Денот на пожарникарите  во Р. Македонија.
Во 10:30 часот во дворниот простор на  ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *