ВМРО-ДПМНЕ ги достави кандидатските листи до ДИК

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски, ги достави кандидатските листи на владејачката партија за закажаните избори на 5-ти јуни.

neloski-dik

-Согласно вчерашната одлука на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес ја имам јас честа да ги доставам листите за кандидати за пратеници за предверемените парламентарни избори во јуни 2016 година. Има вкупно 123 предлог кандидати во сите 6 изборни единици, од кои 49 се жени, а 74 се мажи. Извршниот и Централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја, истакна Нелоски.

Тој ги потврди информациите што претходно беа објавени околу имињата на оние што ќе ги предводат изборните единици.

nositeli listi vmro

Никола Груевски ќе ја предводи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите закажани за 5 јуни .

Никола Попоски ќе ја преводи листата  во втората изборна единица.

Илија Димовски – Во тројката.

Во четвртата изборна единица, прв фаворит на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде актуелниот министер за здравство Никола Тодоров.

Традиционално, листата во петтата изборна единица ќе ја води пратеникот Антонио Милошоски.

Во шестка за прва пат, во овој изборен циклус пратеничката листа ќе ја води пратеникот Влатко Ѓорчев.

 

извор курир

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *