СЕ ГРАДИ ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО СЕЛО ЛЕСКОЕЦ

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици , а согласно  залагањата  на градоначалникот Никола Бакрачески  за изградба на спортски  и детски игралишта , деновиве активно се работи на изградба на фудбалско игралиште во с. Лескоец.


Во моментов се работи на проширување на теренот кон источната страна и во насока на ОУ „Ванчо Николески“
Се очекува градежните активности да завршат до почетокот на летната туристичка сезона со што мештаните на ова охридско село ќе добијат соодветен простор за спортување и рекреација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *