Цената на зејтинот паѓа од 100 денари на 54 денари !

Деновиве зејтинот се спушти на рекордно ниска цена, некаде го има и за 54 денари за литар.
Ако пред три четири години цената го достигна максимумот од 110 денари, таа сега е двојно пониска и е на ниво од пред десетина годин, пишува Утрински.

Ниту кризата во Украина, ниту поплавите во Хрватска и Србија не влијаеја на цента на рафинираното масло за јадење, таа и натаму е во надолна линија. Оваа фабрика, која е најстара во земјава со традиција од девет децении, потребите на македонскиот пазар ги задоволува од сопствено производство во мали количества, за само два месеца од годината. Ако до пред 15-ина години произведуваше масло од сончоглед за 10 месеци, сега работите се драстично променети.

-Количините кои се преработуваат од домашно производство се многу мал дел на нашите инсталирани капацитети. Затоа сме присилени да увезуваме суровина. Факт е дека приносите од домашните производители се минимални, а посеаните површини секоја година се се’ помалку, вели Брчкова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *