МЛАДИТЕ СЕ УЧАТ НА ЗДРАВ И БЕЗБЕДЕН ЖИВОТ

Манифестацијата  „Живеј здраво-Живеј безбедно“ , која  е дел од  развојната програма за образование на  Општина Охрид, а се реализира  во соработка со СВР Охрид, Црвен Крст, Извиднички одред „Пионер“ и основните училишта, се одржа денеска  во паркот  наспроти Центарот за култура „ Григор Прличев“ .Целта на проектот е превенција од дрога, алкохол и цигари, за што учениците од основните училишта, преку спортски игри ги промовираа здравите животни стилови.

-Се собравме денес , да им речеме НЕ на зависностите од дрога, алкохол и цигари, но да кажеме ДА за здравите навики на живот,физичката активност и консумирањето на здрава храна. За жал, бројот на адолесцентите кои се зависници од алкохол,цигари и дрога  се зголемува, па затоа преку вакви проекти младите треба да се учат на здрав и безбеден живот- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Младите, денеска  преку игра се забавуваа, меѓусебно  се дружеа и  испратија порака до нивните врсници дека спортот е само еден од начините да се спротистават на дрогата,алкохолот и цигарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *