УЧЕНИЦИ ОД ОУ „ ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ОД ЛЕСКОЕЦ ВО ПОСЕТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Ученици од II, III, IV и V одделение од ОУ „ Ванчо Николески“  од Лескоец и од подрачните училишта во селата Куратица, Косел и Ливоишта, денеска беа во посета на Општина Охрид. При посетата, која е дел од практичната настава по предметот „ Општество“ , учениците се интересира за функционирањето на Локалната самоуправа, изборот и надлежностите на градоначалникот, Советот на општината и работата на локалната администрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *