Омер Абаз нова голема надеж на македонскиот фудбал

Големата надеж на македонскиот фудбал и член на Фудбалската школа на најтрофејниот Македонски клуб Вардар , Омер Абаз , роден на 10 Октомври 2001 година во Охрид .

omer abaz 4

Омер Абаз има 14 години и настапува за помладите пионери на најтрофејниот Македонски клуб Вардар . На седум години започнал да тренира фудбал. Негов прв клуб е Фер плеј од Охрид, каде настапувал четири години. Потоа преминува во фудбалскиот клуб Еуро Фудбал, каде тренира две години. Учествувал на 24 фудбалски турнири во Србија (кралјево,белград) , Босна (Сараево) , Хрватска (Бјелина) , Албанија (Поградец,Корча, Драч) , Црна Гора (Улцин),Грција (паралија) каде има освоено 3 Пехари за најдобар играч 12 медалји и 10 Пофалници’ Благодарници , исто така Омер доби и покана за учество на тренинг кампот на академијата на Арсенал која има свои скаути низ балканот кој се одржа лани во Грција.

Еден ден решава својата среќа да ја проба во најголемиот Македонски бренд-Вардар, каде првиот тренинг за црвено-црните го има на 2-ри февруари 2016 година. Луѓето од клубот го препознаваат неговиот голем талент и решаваат да го задржат во клубот. И секако дека направиле правилен потег и одличен избор со неговото останување.

omer 5

Со Вардар играме одлични натпревари, многу трчаме, се бориме за секоја топка, мотивирани сме да забележиме победа. На крајот сме наградени за прикажаната игра, заслужено победуваме. Среќен сум што сум во Вардар .

omer abaz 2

Голема желба ми е мојот син Омер да настапува за нашата македонската фудбалска репрезентација изјави накратко таткото на Омер , Рамадан Абаз Рапо.

omer 6

Се надеваме дека неговата игра неговите погодоци ќе донесат титула за помладите пионери, во првенството и националниот куп. Со еден збор, се работи за голема надеж на Вардар и Македонскиот фудбал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *