ОФИЦИЈАЛНО СТАВЕНО ВО УПОТРЕБА ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ КАЈ СТУДЕНЧИШТА

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и амбасадорката на Р. Германија во Р. Македонија, Кристине    Д. Алтхаузер, денес официјално го ставија во употреба реконструираното и проширено  детско игралиште кај каналот „Студенчишта“.  Станува збор за проект што општината го реализираше со поддршка на германската амбасада за што доби гранд во износ од околу 8. 000 евра.

–         Со овие средства се набавија реквизитите и играчките додека општина Охрид учествуваше во делот на целосно уредување на подлогата за конечно игралиштето да го добие овој изглед којшто го има денес- рече градоначалникот Никола Бакрачески посочувајќи дека тоа е  само дел од напорите на општината да  се разубави животот на најмладата генерација.

Токму затоа што децата ги  истражуваат своите  имагинации кои се особено важни за нивниот развој во здрава и  креативна личност ние стануваме се поиновативни и настојуваме секое игралиште  да го дооплемениме и збогатиме со нови содржини како и да отвораме нови игралишта. Тоа го правиме во континуитет. Претходно беа отворени неколку игралишта во Охрид ова е едно во низата. Тука нема да застанеме нашата програма  за сестран детски развој и уредување на ваквите катчиња продолжува во иднина. Остануваме посветени на нашата заложба за изградба на неколку десеттини игралишта и за деца и за возрасни– додаде градоначалникот    Бакрачески.

Амбасадорката на Р. Германија во Р. Македонија Кристине Д. Алтхаузер се заблагодари на Општината и Градоначалникот за успешната реализација на проектот.

Ние од германската амбасада посебно се радуваме што одлучивме да го реализираме токму овој проект. Ова не е прв проект којшто сме го реализирале преку малите проекти на амбасадата. Можам да кажам дека со Охрид сме имале секогаш добра соработка и ние како амбасада учествуваме секогаш во изборот на проектите. Имаме повеќе критериуми. Еден од нив е одржливост, треба да биде бенефит за младата генерација, за луѓето коишто живеат тука и можам да кажам дека проектот во Охрид ги исполни сите критериуми кои ние како амбасада ги задаваме– изјави амбасадорката Алтхаузер.

Игралиштето кај каналот „Студенчишта“ е изградено во 2005 година  со донација на ТЕЛЕКОМ  и ова е негова прва реконструкција од тогаш а  за  неговата безбедност  и одржување ќе се грижи ЈП „Билјанилни Извори“


Со поддршка  на германската амбасада општина Охрид ги   реконструира  и  каптажите во село Куратица. Изминатиов период  општина Охрид во континуитет со свои проекти аплицира и  добива финансиска поддршка од  амбасади во државава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *