ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СВЕТА ЛИТУРГИЈА ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК-БОЖИЌ

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на света  литургија што утрово се одржа  во црквата Св. Георги во населбата Горна влашка мала а по повод големиот христијански празник, Рождеството Христово- Божиќ.


Заедно со своите сограѓани, православни христијани ,градоначалникот  Бакрачески се помоли за добро здравје на своите ближни но и на сите  граѓани. Тој посака Божјата милост  да ги прати   сите луѓе на патот кон успехот, меѓусебното разбирање и толеранцијата а оние кои  слават празникот да го минат во добро расположение заедно со семејството и ближните  полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *