ВО ПЛОШТАДОТ ОХРИД ПОСТАВЕНА БАДНИКОВА ПЕШТЕРА

Голема украсна Бадникова пештера е поставена на градскиот плошатд која наликува на онаа во Витлеем каде што е роден спасителот Исус Христос. Таа е подрок за градот од Бигорскиот манастир а е дело на вредните монахињи од манастирот Св. Ѓорѓи Победоносец во Рајчица. Пештерата со димензии од  2,5 метри широчина и  3 метри  височина е направена од различни природни материјали, уникатно украсена и збогатени со иконата на Рождеството Христово.received_1294071733952280 received_1294071713952282

На украсната пештера и се восхитуваат охриѓани и туристите и претставува прекрасно надополнување на Божиќната празнична атмосфера во градот.

Пештерата на градскиот плоштад ќе биде поставена до Водици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *