СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ПАТОТ ВАПИЛА – СИРУЛА

Денес Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој Тони Димоски, свечено го пуштија во употреба патот Вапила- Сирула што се градеше во изминатиов период од околу два месеци. Станува збор за проект со кој локалната самоуправа во текот на 2013 година аплицираше до Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделство .
– За таа намена на Општина Охрид и беа доделени 23 милиони и 500 илјади денари од кои 18 милиони и 207 илјади денари беа искористени за изградба и реконструкција на овој пат. Се реконструираа 1 707 метри од постоечкиот пат кој беше доста оштетен и уште 2 394 метри изградба на сосема нов пат. Со реализацијата на проектот создадовме услови за иден развој на селата , Вапила и Сирула особено на второто населено место до кое немаше пристапен пат. Остатокот од доделените финансиски средства беше наменет за изградба на 8-те пристапни патишта во село Косел, рече градоначалникот Бакрачески заблагодарувајќи се на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделство Тони Димоски , што како институција овозможиле да се реализираат овие два проекти: Патот Вапила – Сирула како и изградба на патишта во Косел .
-Двата реализирани проекти од програмата за рурален развој 2013 година од страна на Општина Охрид се заеднички успех на централната и локалната власт и што е најважно со упорноста и со успешно подготвените апликации беа одобрени средства и веќе сме сведоци на реализацијата на овие проекти. Инаку станува збор за еден од 134-те проекти кои се одобрени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка токму во функција за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини. Убеден сум дека и во наредниов период Општина Охрид со градоначалникот Бакрачески ќе бидат повторно корисници на средства од програмата за рурален развој наменета токму за унапредување на квалитетот на животот во руралната средина, потенцира директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, Тони Димоски.

Мештаните од двете села презадоволни што Општина Охрид конечно го решила неколку деценискиот проблем со лошата патна инфра структура, се заблагодарија до Градоначалникот Бакрачески и до Општина Охрид за заложбите да се изгради патот Вапила – Сирула.

-Сакаме да се заблагодариме на градоначалникот Бакрачески , Локалната Самоуправа и Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој кој се заложија за да добиеме ваков пат. Како селани сме многу благодарни, рече Иван Наумоски жител на селото Сирула.

По свеченото пуштање во употреба на патот Вапила Сирула, градоначалникот Бакрачески присуствуваше на црковната церемонија која по повод празникот Св. Никола –летен во истоимената црква ја организира мештаните од селото Сирула.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *