Најзабавните смс пораки за Нова Година !

Интересни пораки со кои можете да ја честитата Новата 2016-та година.

– Тоа што не сме еден покрај друг во овој момент тоа не значи дека во мислите не сум со тебе. Броиме заедно: 10,9,8,7,6,5,4,3,2,1 – СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

– Ако оваа година ви се случила некоја од овие работи: те оставила жената/мажот, децата не те почитуваат, зема кредит, ти дадоа отказ, колата ти ја украдоа и слично, немој да очајуваш. Новата година ти дава уште една шанса. Се најдобро во новата 2016.

– Точно на полноќ погледни во небото. Замисли желба. Ќе ти се исполни само ако имаш верба, љубов и надеж. Среќна Нова Година.

– Зад старата година затвори ја вратата, а во новата да ти е редовна платата. Колега/колешке се најубаво во 2016!

– Се лошо остави зад себе. Во Новата година влези со нови мисли. Само најчистите и најупорните заслужуваат нов почеток.

– Знам дека знаеш што ти посакувам! СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

– Среееееееќна Ноооооваааа Годинааааааа! П.С. Извини испив повеќе, па се ми се гледа дупло…

– Замисли дека си Дедо Мраз. Колку желби ти можеш да исполниш во новогодишната ноќ? Али бидејќи не си исполни денес барем една и помини си супер!

– Во оваа ноќ прости им на сите кои те повредиле. Од утре тоа немој да им го дозволиш. Ти посакувам само среќни моменти во новата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *