ПРОДОЛЖЕН Е РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИТЕ

Охриѓаните кои имаат бесправно изградени објекти, а кои досега не направиле легализација и не поднеле барање во првиот рок,имаат можност да поднесат барања за легализација до 31 март 2016 година, а геодетски елаборати може да поднесат до крајот на идната година.За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 година.
Пролонгираните рокови за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби, е согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои имаат дивоградби.

Согласно законските измени барање за легализација можат да поднесат-граѓаните чија дивоградба е изградена до 3 март 2011 година.

divograd

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *