ВО ОХРИДСКИОТ ЗАВОД ЗА КАРДИОЛОГИЈА ПРЕЗЕНТИРАНИ СОВРЕМЕНИ МЕДИЦИНСКИ ПРАКТИКИ

Вчера  во ЈЗУ “Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” од Охрид, се одржа едукативна работилница насловена како “Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ на која присуствуваа еминентни имиња од областа на интервентната кардиологија. На работилницата биле презентирани интервенции врз пациенти, се разменувале искуства и знаења и биле презентирани лекарски искуства од болници од Македонија, Србија и Словенија.Две од интервенциите во рамки не едукативната работилница заедно со врвниот интервентен кардиолог Д-р. Ара Угурлуоглу извел Д-р. Никола Бакрачески , а една Д-р. Дејан Манчески. На оваа едукативна работилница се изведуваше со помош на видео врска и интеракција помеѓу презентерите и слушателите.
ЈЗУ “Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” по втор пат организира едукативна работилница на која се применуваат најсовремени медицински методи.
На панелот свои предавања имале Д-р Ара Угруоглу, Проф. Д-р. Славчо Тошев и Д-р. Винко Боц како и специјалистот радиолог Ѕвонко Атанасов. Презентации за конкретни случаи од работното искуство покрај гостите имале и докторите Дејан Манчески и Стојан Митрески кои се дел од тимот на ЈЗУ Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан. Настанот го следеа доктори од кардиолошките центри низ земјава.

Сметам дека во Република Македонија не се искористени сите опции за третман на овие заболувања и затоа наша цел беше со оваа работилница да се запознаат поголем дел од центрите во Македонија кои ја третираат оваа болест, преку оваа работилница да дојдат до нови знаења и во иднина да размислуваат овие знаења да ги воведат во нивните матични установи од каде доаѓаат , а се со цел да имаме поадекватен третман на периферната артериска болест како кај нас во нашата установа, така и во другите центри низ земјава – вели Д-р Никола Бакрачески, кој беше и главен носител на активностите за организација на овој настан..

g gov

 

bakk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *