ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ХУМАНИТАРЕН ХЕПЕНИНГ ЗА СПАС НА ДЕТСКИ ЖИВОТ

 

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес присуствуваше на хуманитарниот хепенинг што под мотото “Заедно за еден детски живот“ се одржа на градскиот плоштад во Охрид а со цел да се соберат средства кои ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче на кое му е потребна итна операција во Кина , која чини 35 000 евра.

 

Градоначалникот Бакрачески, ги повика сите охриѓани во рамки на своите можности да се вклучат во оваа хуманитарна акција за спас на еден млад детски живот.

 

Децата се најголемиот благослов и дар од Бога , заедно да покажеме грижа и секој во рамки на своите можности да донираме за спас на млад детски живот, рече Градоначалникот Бакрачески.

 

Богатиот перформанс исполнет со песна, музика, балет, театар денес на плоштадот го проследија бројни охриѓани а вистинска атракција беа ракометарите од Македонската ракометна федерација кои ги повикаа сите да донираат.

 

Хуманитарната акција продолжува и утре, со купување билет во вредност од 100 денари за урнебесното шоу “2 MOTHERS BROTHERS” што утре вечер ќе се одигра во ЦК “Григор Прличев“ , секој охриѓанец може да биде дел од оваа хуманитарна акција и даде свој придонес за спас на млад детски живот.

 

Донирајте веднаш од вашиот мобилен телефон на сите оператори:

 

ОNE – 075 143 113
VIP – 077 143 155
Т MOB 070 143 105
Или на следнава жиро сметка
530500017615254 Охридска Банка

 

Организатори на денешното случување беа Здружението на Новинари на Македонија, Црвен Крст и Општина Охрид.

 

Humanitaren_hepening_4852 Humanitaren_hepening_4853

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *