ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЕГИПЌАНИТЕ – “ПИРАМИДА З.Е.М” – ОД Р.М ОРГАНИЗАТОРИ НА 6-ТА ПО РЕД КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО ОХРИД

Традиционално, на 29.Ноември (недела) со почеток во 17:00 часот, во големата сала на домот на култура Григор Прличев, по 6-ти пат во Охрид ќе се одржи културно-фолклорната манифестација позната под името “Sound of Egypt” во организација НВО З.Е.М Пирамида-Охрид и локалната самоуправа односно градоначалникот Никола Бакрачески -како генерален покровител на настанот.

Интресот за оваа манифестација, во претходните неколку години е покажан како доста зголемен, што укажува на фактот дека со оваа манифестација се постигнува поголема свест кај граѓаните за мултиетничкото и мултинационалното општество како и подобар и похармоничен соживот меѓу националностите.
Покрај тоа , основната задача и целта на организирањето на ваквиот тип на манифестација е промоција на египќанската култура на египќаните во Р.Македонија

На оваа манифестација се покануваат сите граѓани на Охрид , Струга, Ресен и останатите градови во Македонија, а влезот за сите е слободен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *