ОПШТИНА ОХРИД УСПЕШНО ГО РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ИГРАЛИШТА

Нови игралишта се изградени во населба „Лескајца“, кај „Подмоље“ ,во село „Трпејца“ а терен за одбојка на песок добија и жителите од населбата „Воска“.
Реконструирани се игралиштата на улиците „Крали Марко“ , и „Туристичка“ на излезот од Охрид, во населба „Црногорци“ и во село Лескоец. Нови кошеви за басќет се поставени на игралиштата во селата Горно и Долно Лакочереј а во тек е и реконструкцијата на игралиштето во населба „Радојца Новичиќ“. , А Во тек е и постапката за испитување на пазарот за изградба на фудбалски стадион во с. Лескоец за кој општина Охрид обезбеди средства од сопствениот буџет во вредност од 1.300.000 денари.
leskajca_40018
Во наредниот период Се планира да се изврши комплетна реконструкција на спортскиот терен во ОУ „Св. Климент Охридски“, изградба на најмалку 3 спортски терени за фудбал и тенис во СРЦ „Билјанини извори“ а предвидено е и повеќенаменско игралиште во населба „Видобишта“.
Во рамки на повеќенаменските игралишта, има терени за кошарка, дел со детски реквизити а има и хортикултурно уреден простор на кој се поставени клупи.
За прв пат во Охрид игралишта се градат и во делови од градот кои долги години наназад биле запоставувани и во нив не се инвестирало ништо. Со реализација на овој проект неуредниот простор се оплеменува и добива нов лик.
Најголемиот број од игралиштата се долгогодишни желби на охриѓани а се градат по налог на градоначалникот Никола Бакрачески по неговите континуирани средби со жителите од различни урбани заедници.
Целта на проектот е повторно враќање на децата на маалските игри..

игралиштеvos

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *