ЌЕ СЕ ЗБОГАТУВА ФОНДОТ НА БИБЛИОТЕКИТЕ ПРЕКУ ОТКУП НА ПУБЛИКАЦИИ

Во  периодот  од 2013-2017 година, Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации  во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година.

На Конкурсот, кој ќе биде отворен до 14-ти декември 2015 година, може да учествуваат:

правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација;

-автори-издавачи на сопствени дела (публикации);

-автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд.

bib

Министерството за култура на овој конкурс ќе даде приоритет на: оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците; публикации наменети за деца и млади; публикации наменети за лицата со посебни потреби.

Од печатените пријавени  публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци кои биле пријавени на конкурсот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *