ОХРИД СЕ ПОЗАСТАПЕН НА БРИТАНСКИОТ ТУРИСТИЧКИ ПАЗАР
По воведувањето на авио линијата Охрид – Лутон (Лондон) од Јуни 2015, за која Општина Охрид субвенционира дел од финансиските средства, линија која веќе во првата година се покажа како повеќе од успешна, се повеќе се засилува промоцијата и застапеноста на Охрид на британскиот туристички пазар. Некои од британските туроператори веќе започнаа да го нудат Охрид како дел од своите туристички пакети за сезоната 2016.