Од утре 15.11.2015 (недела) задолжителна зимска опрема во возилата

Зимски гуми и синџири за автомобили, џипови и на лесни камиони од утре, 15-ти ноември, ќе бидат задолжителни за патиштата во земјава. Стариот Правилник за зимска опрема важи и годинава, а се најавуваат и почести прегледи и казни за оние чии шари на гумите не се длабоки најмалку четири милиметри. Доколку автомобилот е со летни гуми шарите мора да се со истата длабочина, но и да се носат и соодветни синџири во багажникот.

Експертите велат дека сепак е добро сите возачи што се во можност да набават зимски гуми, бидејќи нивниот состав ја подобрува ефикасноста на сопирањето и го намалува патот на кочењето, со што ја зголемува и сопствената, како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

При контролите од сабота полицијата ќе проверува дали возилото поседува зимска опрема односно дали шарите на гумите се со најмалку 4 милиметри длабочина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *