ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ОХРИД

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 год. (Недела) и 02.06.2014 год. (Понеделник), екипите на Центар за јавно здравје – Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот, со апарат за ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено охридското крајбрежје на потег од с. Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег од река Грашница до Коселска река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K – KOTRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

За сите информации и прашања е отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046/ 231-881 и 046/ 230-231

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *