”ПИТУ ГУЛИ” Е ПРИМЕР КАКО ТРЕБА ДА СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ОДВОД НА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

Сашо Донев – Директорот на ЈП НИСКОГРАДБА истакна дека решението за проблемот со поплавените улици од атмосферски води треба да се бара во примерот со реконструкцијата на улицата Питу Гули, која во последното невреме остана не поплавена и апсорбира по 90 литри вода на метар квадратен која наврна на неа и уште стоици литри вода кои се слејаа од околните улички. Истите стандарди се применети и на улицата Ристо Чадо чија рекоснтрукција е при крај.
Тој набројува повеќе инфраструктурни зафати кои се направени низ градот , а во кои беше или сеуште е вклучено ЈП НИСКОГРАДБА , кои на претпријатието му донесоа значајни средства изразени во милиони денари, кои пак придонесоа во неговата финансиска консолидација која сеуште трае. “ние сме констатирале дека имаме затекнато долг од над 1 милион евра, од кој за репрезентација ( ручеци ) само последната година поранешната власт потрошила над 1 милион денари, тогаш нормално е да се однесуваме така како што се однесуваме и да штедиме” – вели Донев.

hqdefault

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *