НЕДОСТАТОКОТ НА СПЕЦИЈАЛИСТИ И ПОНАТАМУ ПРОБЛЕМ ВО ОХРИДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА

Од вкупно испитаните пациенти скоро 85 % се задоволни од медицинската нега, а дури 92,2 се задоволни од условите и комфорот во чекалните, 66,6% од опремата во болничките соби, 66,7 % од условите во болничките соби, 100% задоволни од хигиената во болничките соби, 100% задоволни од болничката храна и 100% задоволни од квалитетот на болничката нега пружена од лекарите.-истакна Д-р Арнаудов, на прес конференцијата објавувајќи ги резултатите од анонимната анкета која во изминатиов период го спроведуваше Министерството за здравство

Наша цел е да имаме задоволни пациенти кои ќе добиваат квалитетна услуга и нема да шетаат по другите здравствени установи низ земјата, а со тоа да придонесеме да се заштедат финансиски средства. – додаде Арнаудов.

Lj.Arnaudov1

Меѓутоа, и натаму сериозен проблем претставува недостигот од специјалисти во повеќе одделенија во охридската општа болница, на што се работи уверува Арнаудов.
“Најтенки сме на анестезиологија, каде од наш персонал имаме две докторки, едната е со скратено работно време, другата со здравстени проблеми и се во години. Имаме испратено тројца колеги на специјализација, планираме уште еден да пратиме, но тој процес трае 6-7 години, па ќе потрае додека го решиме тој проблем. Моментално имаме ангажирано лекари од струшката болница и од клиничкиот центар во Битола така да нема проблеми”
.-изјави Арнаудов.

bolnica oh

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *