ПРОНАЈДЕНИ ПЕТ САКСИИ ЗАСАДЕНИ СО КАНАБИС ВО ОХРИД

Против 39- годишен охриѓанец СВР Охрид поднесе кривична пријава, заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес од страна на полициски службеници во домот на пријавениот, пронајдени биле пет саксии во кои имало засадено канабис.

8c74ffd1f74a6297b774b96cad137d4f

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 47- годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во домот на пријавениот од страна на полициски службеници биле затекнати две лица од Охрид, а при извршен преглед кај едното била пронајдена паковка во која имало наркотична дрога хероин, која претходно ја набавил од лице од Струга. Од преземени мерки дрогата што била пронајдена била одземен од страна на полициските службеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *