JAВНА ОБЈАВА ДО СИТЕ ПРАВНИ И ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ПОСЕДУВААТ ФИРМА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на законот за комунални такси(Сл.весник на Република Македонија бр.61/2004,64/2005,92/2007 и 123/2012)а согласно Законот за општа управна постапка(Сл.весник на РМ бр.38/2005,110/2008,118/2008 и 51/2011)Градоначалникот на Општина Охрид,објавува:

JAВНА ОБЈАВА

До сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на
ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОВИКУВААТ:

1.Да го подигнат решението за Комунална такса за фирма за 2015 година во најкраток можен рок.
*за обврзници кои немаат добиено решение.
2. Да ги измират заостанатите обврски:
*за обврзници кои должат по основ на Комунална такса за фирма.
3.Сите правни лица и трговци поединци (кои поседуваат јавни локали) кои не ја измириле обврската за комунална такса за користење на музика во јавни локали, истото да го сторат веднаш.
Заостанатиот долг за неизмирената такса може да го уплатите на следните уплатна сметка:

sm1

Оваа објава стапува во сила со денот на нејзиното објавување и се смета дека странката е писмено известена со УРЕДНА ДОСТАВА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *