ЗАПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО И РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КОРИТОТО НА РЕКА „ГРАШНИЦА“

Општина Охрид решава долгогодишни проблем на жителите од булеварот „Туристичка“ покрај ул. „Аџи Мустафа” којшто беше причина за чести излевања на водата и поплавувања при невреме проследено со обилни врнежи од дожд.
Веќе започнаа градежните активности за реконструкција и уредување на коритото од каналот на река „Грашница“

kanal_grashnica_4004

– На ова место претходно беше изработена проектна документација, објавен беше јавен повик и беше избрана компанијата „БОКОП“ како најповолен изведувач. Градежните активности кои започнаа денес ќе се протегаат по целата должина на каналот од 280 метри. Ширината на коритото на каналот ќе биде 1 метар и 50 сантиметри во долниот и 1 метар и 75 сантиметри во горниот дел.Коритото ќе биде изградено од армиран бетон а ѕидовите ќе бидат од камен со дебелина од 30 до 40 сантиметри. Проектот исто така подразбира и уредување и реконструкција на просторот околу ова корито се со цел овој дел од Охрид да биде пристојно катче за жителите. Со реализација на проектот решаваме долгогодишен проблем на охриѓани. Честите запушувања на овој канал и не прифаќањето на сите води кои при обилни врнежи надоаѓа сега ги оставаме во минатото односно избегнуваме наредни можни поплавувања на куќите од овој дел на градов – рече градоначалникот Бакрачески.

kanal_grashnica_4005

Андон Колоски од компанијата „БОКОП“ којашто е изведувач на градежните активности истакна дека фирмата ќе се придржува согласно договореното онака како што е предвидено во тендерската документација.

kanal_grashnica_4002

– Се она што ќе излезе како непредвидена работа ние ќе се обидеме тоа да го вклопиме во проектот на добробит на сите жители на улица „Аџи Мистафа“. Ова не е прв наш објект што го градиме од ваков тип – истакна Колоски.
Во наредниов период ќе се уредува и проширува и каналот во село Пештани. Рокот за изведување е 120 дена од почетокот на градежните активност

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *