Советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид е меѓу најактивните и најуспешните совети во земјава.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата-Стојче Стаменковски му честиташе на претседателот м-р Стефан Димоски , за советот за безбедност во сообраќајот на град Охрид – како еден од најактивните и најуспешните совети во земјава. Тој, заедно со други претставници на Републичкиот совет, викендов го посети општинскиот совет во Охрид и имаше работна средба со претседателот Димоски и членот на советот м-р Флорентина Стерјовска. Тие информираа за досегашната работа на општинскиот совет, за реализираните проекти од јуни кога се оформи советот во нов состав се до септември годинава.sovet_bezbednost_400

На работниот состанок, меѓу другите теми беше втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020 година која има за цел да се намали бројот на жртвите во сообраќајните незгоди до 2020 година до просекот на жртви во државите членки на Европската Унија. Стратегијата како стратешки документ, на предлог на Владата ја донесе Собранието на Република Македонија на 30-ти декември 2014год.

sovet_bezbednost_4001

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски предложи, општинскиот совет-Охрид како исклучително успешна општинска организација, да започне подготовка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид. Со тоа општина Охрид би била првата општина во Република Македонија што би усвоила ваков документ.
Претседателот Димоски, прифаќајќи ја идејата, рече дека локалната стратегија ќе претставува приоритетна стратешка и програмска  определба на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот. Додаде дека таа ќе биде цел во работата на советот со чие имплементирање како концепт ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот на локално ниво.  Претседателот Димоски најави повеќе идни предвидени активности на советот во Охрид, што ќе се реализираат не само со ранливите категории учесници во сообраќајот туку и со повеќе други целни групи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *