Сопругот ѝ плаќа 250 долари за чистење на домот: Тој не знае дека парите одат во мој џеб

Тиктокерката Бријана во едно вирално видео открила како го намамила сопругот и како секој месец си добива дополнителна заработка.

 

На видеото кое е прегледано повеќе од 7 милиони пати, тиктокерката објаснува како сопругот секој месец остава пари за да ја платат хигиеничарката која го чисти нивниот дом, а всушност не знае дека таа е всушност неговата сопруга.

 

 

 

Тајната хигиеничарка

„На 1-ви во месецот од банкарската сметка на мојот сопруг пристигнуваат 250 долари. Тие се за нашата помошничка. Куќата е темелно исчистена секој 1-ви од месецот“ објаснила Бријана под видеото на кое се гледа како сама чисти со правосмукалка низ домот.

 

„Барав хигиеничарка уште многу одамна, додека бев бремена и повраќав по 10 пати дневно, а истовремено се грижев и за нашиот десетгодишен син“.

Сопругот тогаш се изјаснил дека не можат да си дозволат да имаат жена за чистење, но пред неколку месеци ја прашал дали сакаат да најдат помошничка и се договориле дека за таа услуга ќе плаќаат 250 долари.

 

Бријана ги задржала парите за себе

Бријана одлучила да ги задржи парите за себе: „Тој не знае дека јас сум таа која го чисти домот секој 1-ви од месецот. Мислам дека овие пари ќе ги искористам за да си најдам ново и скапо хоби. Изгледа дека на мојот сопруг не му пречи.“

Во опис на видеото прашала дали некој од следбениците има предлог за некое скапо хоби, а луѓето навалиле да коментираат за нејзината идеја.

„Бидејќи станува збор за многу темелно чистење, вашата „хигиеничарка“ би требало да наплаќа барем 500 долари“ – се пошегувала некоја тиктокерка во коментарите.

Малкумина забележале дека Бријана на самиот крај се обратила кон сите жени кои се злоставувани од своите партнери, со порака дека ова е добра идеја која може да им помогне да соберат повеќе пари и да ги напуштат партнерите.