ДОГОВОРЕНИ ДЕТАЛИТЕ ЗА ГОЛЕМА ПРОЛЕТНА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД ВО ТЕЛ АВИВ – ИЗРАЕЛ

Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со г-дин Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за туристички маркетинг, како и со г-дин Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата ”Ел Ал” ( El Al ) и Генерлен Менаџер на Воздухопловни услуги на Израел. На средбата се разговарало за организација на престојната голема туристичка промоција на Охрид во Тел Авив , и истата е планирана да се одржи во периодот пред почетокот на следната туристичка сезона во Охрид.

Tel-aviv-Gibor-Sport-005

Поконкретно, на средбата се разговарало и за посета на Охрид од страна на најголемите израелски туроператори на кои ќе им се презентира туристичкиот потенцијал на охридскиот регион , како и можностите за соработка со домашните туристички работници.

izrael_2015k_4001

Во текот на посетата во Израел , продолжија поединечните средби на преставниците на локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија.

izrael_2015k_400

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *