Силен земјотрес ја погоди централна Турција

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени денеска е регистриран во централна Турција, во близина на Адана.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотресот бил на длабочина од 12 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.