УЈП со нов колективен договор и зголемувањето на платите на вработените

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска, лиценцираниот помирувач и арбитер во работни спорови Илија Манасиев и претседателот на синдикалната организација на УЈП „Солидарност“ Васе Недановски денеска ќе информираат за завршувањето на процесот на помирување и новиот Колективен договор на УЈП, по протестите на вработените кои бараа повисоки плати за 30 проценти.

Директорката  вчера информираше дека во петокот бил постигнат договор и најави дека вработените ќе добијат зголемување на платите.

Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии, рече Лукаревска во телевизиско интервју.

Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк доколку не им биде испонето барањето за зголемување на платите за 30 проценти. За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски кој побара изземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.