Благодарница за младиот бербер Емин Алим кој бесплатно ги потстрижува ранливите категории граѓани

Младиот охриѓанец Емин Алим доби благодарница од Црвен крст Охрид за неговата хуманитарна акција што ја реализира подолго време. Имено Емин, полни три години бесплатно ги потстрижува ранливите категории граѓани во Охрид, кои не се во можност да одвојат средства за тоа.

Младиот Емин е средношколец и е трета година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид, но покрај школувањето, тој со љубов го работи и занаетот што го научи од неговиот татко, Неат Алим- Шогун.

Емин вели дека ќе продолжи со ваквата хуманитарна акција.