Струга Трим Лум – Европските натпревари ќе ги игра во Охрид на Билјанини извори

Струга ТРИМ ЛУМ – математички ја обезбеди европа и по втор пат во својата историја ќе ја преставува Македонија на Меѓународни натпревари.

Само 4 натпревари ја делат екипата на Струга ТРИМ ЛУМ од прогласување на шампиони во првата македонска фудбалска лига .

Екипата на Трим Лум денес на својата веб страна објави дека натпреварите кои треба да ги игра на домашен терен , ке ги игра на стадионот Билјанини Извори во Охрид , кој има лиценца за одигрување на европски натпревари.

Доколку Струга Трим Лум биде шампион на 1 Првата Македонска Фудбалска лига , очекувајте во Охрид да гледаме квалификациски натпревари од најелитното натпреварување во Фудбал-  ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ.