ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „ПИРИН ПЛАНИНА“

Се известуваат граѓаните што живеат и гравитираат на улица „Пирин Планина“ во населба Кошишта дека заради подготвителни работи за асфалтирање на улицата, од утре 26.04.2023 година (среда) ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Се упатува апел до граѓаните да се придржуваат на сообраќајниот режим и да се воздржат од паркирање на возилата по должина на улицата.