ОУТУ „Ванчо Питошески“ го освоија второто место на НАТПРЕВАРОТ „ПРЕТПРИЕМАЧ – ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ?“

Учениците Анастасија Чутрова, Игор Дуноски, Елеонора Дукова, Ѓорѓи Нечев и Трајанка Здравева под менторство на проф. Перчо Божиновски со бизнис идеја за туристичка агенција како општествено одговорна организација од реалниот бизнис сектор го освоија второто место на средношколскиот натпревар кој е завршна активност од истоимениот проект кој се реализираше од мај 2015 до септември 2015. Целта на проектот е да се подобри квалитетот на претприемничкото учење во средните стручни училишта во Охрид и Струга преку обуки со наставниците и учениците и соработка со бизнис заедницата.
На натпреварот се натпреваруваа 4 тимови од средните училишта во Охрид и Струга. Пред секој тим беше поставен предизвик од реалниот бизнис сектор, и задача да го трансформираат бизнисот од класичен во одговорен бизнис и на тој начин да го решат предизвикот. Изборот на најдобар предлог го направи комисија составена од локални претприемачи.
Претходните активности вклучуваа: Организирање на посети на 5 локални успешни фирми каде учениците на лице место сретнаа различни бизниси, и директно разговараа со сопствениците. Летен тридневен камп во Охрид, на кој учествуваа 40 млади од цела Македонија. Средношколците за првпат ја идентификуваа разликата помеѓу барање работа и создавање бизнис, кои се неопходни вештини за еден претприемач и која им е перспективата зависно од тоа кој пат ќе го одберат.
Проектот e реализиран од Локалата Агенција за Развојwww.ldastruga.org. Поддржан е преку Мрежата за поддршка на млади претприемачи http://www.yes-network.org/?p=151368&lang=mk.

u5 u4 u3 u2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *