Јавна покана за Данок на Имот

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04…151/21), којшто започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид ги повикува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината најдоцна до 30.04.2023 година, да го достават следното:

  • За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот (даночната пријава може да ја преземете тука);
  • Поради ажурирање на базата на податоци даночните обврзници кои промениле живеалиште, да достават фотокопија од лична карта (со постојано место на живеење во општина Охрид); адресни податоци за достава на решенијата по пошта (место на живеење надвор од општина Охрид) и валидни e-mail адреси за достава на решенијата по електронски пат;
  • За дополнителните недвижни имоти (освен становите или куќите во кои живеат согласно лична карта), врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават:
  • договор за закуп заверен на нотар (времетраење на договорот, предмет на договорот и утврдена закупнина);
  • договор за послуга заверен на нотар (користење, односно плодоуживање, со тоа што послугопримачот треба да се води со адресни податоци на адресата на недвижниот имот предмет во договорот);
  • решение за упис во регистарот за угостителска дејност и решение за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување (решението за извршена категоризација да не е постаро од 3 години од датумот на издавање).
  • За земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и извештај за идентификација на земјишни парцели.

Документите можат да се достават лично во Општина Охрид, преку пошта или на e-mail danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт).

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/

 

Упатство за е-даноци

На страницата ќе најдете линк www.edanoci.ohrid.gov.mk за регистрација (корисничка сметка – шифра на комитент – ЕМБГ, се снима и се одбира Општина Охрид), преглед на заостанати обврски и е-уплата за данок на имот.

 

ПОВРЗАНА ВЕСТ: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ


Lakin ola bilsin, 1xbet azerbaycan bonus seçiminin çoxluğu və cəlbediciliyi müvəqqəti də sizə bonus seçməkdə çətinlik yaradır. Mostbet’s bot monitors mostbet casino only those domains when a webmaster interacts. Bölgəni düzəltdikdən sonra pin up azerbaycan App Store-a daxil olun və yenidən səy edin. Artıq balansınıza para mostbet az qoya, maraqlandığınız bölməni seçib qazancları əldə etməyə başlaya bilərsiniz.