ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК КУРБАН БАЈРАМ

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод верскиот празник  Курбан Бајрам,  упати честитка  до верниците од исламска вероисповед, во која  посакува, празникот да го прослават во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.

– Празнувањето на  Курбан Бајрам, поминете го со пораки за добро здравје , среќа и бериќет во семејствата . Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто  тоа е една од најголемите хумани вредности– се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод празнувањето на  Курбан Бајрам .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *