Јавна дебата Катна гаража нова можност за Охрид

Јавна дебата Катна гаража нова можност за Охрид

Јавната дебата ќе се одржи на 31.03.2023 година (петок), со почеток од 11 часот, во Голема сала на општина Охрид.

Во петок на 31-март во големата сала на Општина Охрид со почеток од 11 часот ќе се одржи Јавна дебата на тема „Катна гаража-нова можност за Охрид“.

Jавната дебата е имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на
изборни системи (ИФЕС).

Шестмесечната иницијатива во рамки на горенаведениот проект е насловена како: „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ која што ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид кој имено е и единствен грантист од подрачјето на општина Охрид