Акција за чистење на дива депонија во шумскиот дел под Горна Порта

Акција за чистење на дива депонија во шумскиот дел под Горна Порта

– По налог на локалната самоуправа екипите на ЈП “Охридски Комуналец” спроведуваат акција за расчистување на мапирана дива депонија во шумскиот дел од Охридското Кале, под Горна Порта, над населба Кошишта
– Се подигнува расфрлана покуќнина, градежни материјали и друг кабаст отпад, од кој несовесни граѓани на овој начин се ослободиле во срцето на Охридското Кале
– Поради тешката пристапност на теренот чистењето ќе се реализира повеќе денови