Учениците од Св Климент Охридски и Кочо Рацин во посета на општината

Третоодделенците  од  основните училишта „Св. Климент Охридски“ и  „Кочо Рацин“ денес беа во посета на Општина Охрид.   Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека,  по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од  младите гости.

Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.