ПАРИ ОТКРИВА:Колку пари треба денес за храната за која пред две години дававме илјадарка

  1. Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека со секое одење во продавница се соочуваат со поскапи животни намирници. Сепак, Државниот завод за статистика евидентирал стабилизирање на цените во јануари во однос на декември и дури незначително намалување од 0,1 процент. Но, ако се гледа растот на трошоците на годишно ниво, состојбата е сосема поинаква. Во јануари годинава трошоците за храна и безалкохолни пијалaци се за дури 25,1 процент повисоки отколку во јануари 2022 година. Ако кон ова се додаде фактот дека и лани имавме висока инфлација, при што растот на трошоците за храна и безалкохолни пијалaци во јануари 2022 година бил за 9,2 проценти повисок во однос на јануари 2021 година, јасно е дека сега треба да се издвојуваат многу повеќе пари од порано.