Прес на портпаролот Јован Крлев на ОО на СДСМ-Охрид

Почитувани медиуми, почитувани граѓани,
Очигледно ДПМНЕ ја превзеде локалната власт само за да обезбеди лични комодитети и уживања на своите послушници.
Од сите ветени проекти, ДПМНЕ еве веќе нешто повеќе од една година ги исполнува доследно проектите за зголемување на цените на Јавните претпријатија во градов.
Зошто се зголемени цените за скоро 100% во Јавното претпријатие „Градски гробишта“ ? Последното поскапување на цените во ова јавно претпријатие беше врв на неодговорноста на менаџерскиот тим и безчувствителноста во поглед на задоволување на партиските апетити.
Која е потребата да се зголемат цените во ЈП „Билјанини извори“ во различни сегменти од услугите кои ги нудат или кои им се причините пак за покачување на цените во ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Градски пазар„ ? Ваквото поскапување на цените во иднина ќе го испразни пазарот од закупците или ќе ги зголеми цените на земјоделските производи.
ДПМНЕ и коалицијата изгледа немаат граници во сопствената бескурпулозност!
Секое зголемување ДПМНЕ го претставува како оправдано поради светската економска и енергетска криза и додека постојано ги изложуваат овие причини, истите реализираат нови вработувања, дуплираат работни места, ангажираат надворешни правници и адвокатски куќи во претпријатијата и најлошото од се’е што им доцнат со плати на вработените. Всушност, зголемувањето на цените претставува покажување на моќ, строга послушност на широкото мнозинство во Советот кое дава амин на сите одлуки од Локалното раководство.
И како што веќе и народот навикна, сега секако ги очекуваме клеветите, навредите, обвинувањата од ДПМНЕ затоа што единствено ТОА е нивни претпознатлив стил.
КОГА ВО ЖИВОТОТ СЕ НЕМА АРГУМЕНТИ, ТОГАШ СЕ КОРИСТАТ НАВРЕДИ !
Ви благодарам !