Дејвид Гир и Амбасадори од петнаесет европски земји во посета на општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска беше домаќин на  евро амбасадорот  Дејвид Гир и на амбасадори од 15 европски земји членки на унијата: Шпанија, Чешка, Холандија, Франција, Шведска, Романија, Австрија, Германија, Италија, Полска, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија и Бугарија и останати  евро делегати.

„Заштита на охридскиот регион и  Охридското Езеро како  и изградба на пречистителна станица“ беше темата на која се дебатираше со високите евро претставници.

Во своето обраќање градоначалникот Кирил Пецаков  зборуваше за сите чекори кои Општина Охрид ги прави за заштита на  природното и културното  благо во градот и регионот како и поголема заштита на Eзерото.

и реконструкција  на постојните објекти.  Активно работиме на проект за дислокација на депонијата Буково за што во очекување  сме на грант за изградба на регионална депонија во општина Новаци за која соработуваме со седум општини од Југозападен плански регион. Тука би ги додал и проектите  за изградба на нова канализациона мрежа  вдолж сливното подрачје на Охридското Езеро. Исто така во фаза на изработка се проекти за водоснабдување на приградските и рурални средини во Охрид со што би се решил долгогодишен горлив проблем на мештаните.

Во делот на заштитата на Охридското Езеро со гордост можам да кажам дека ги поминавме сите преговори со компанијата која потекнува од земја членка на ЕУ, а ќе инвестира во Охрид во производство на пловни објекти на сончева енергија и електрични мотори и мотори на сончева енергија  наменети за пловните  објекти. Со  инвестицијата  ја започнуваме и наредната фаза, а тоа е   промена на моторите од постоечките пловни објекти во Охридското Езеро со овие нови незагадувачки мотори. Тука би ги спомнал и заложбите кои ги реализираме во заштита на статусот на УНЕСКО согласно препораките.  Целосно сме посветени и активно соработуваме со сите надлежни институции во изработка на Планот за управување со Охридското подрачје кој е првенствено задача на Агенцијата за просторно планирање и Министерството за транспорт и врски.  Во тек е прекин на  старата постапка за донесување на Генерален урбанистички план која беше започната во далечната 2005-та  година, а паралелно  започнавме нова постапка  за донесување нов ГУП во согласност со деталните урбанистички планови  како што налагаат законите на Р. Македонија и имплементирање на Планот за управување на УНЕСКО.   

Би  ја потенцирал  одличната соработка  со Делегацијата на ЕУ во Р. Македонија којашто резултираше со  потпишување договор за имплементација  на големиот Проект  Ohrid go“ кој е целосно финансиран од ЕУ. Се надевам дека ваквата добра соработка ќе продолжи и понатаму преку реализација на капитални проекти за Охрид.

Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар за кој што одамна сме се обврзале да постигнеме највисок стандард за заштита на природното и културно наследство. Охридскиот регион поседува исклучителна универзална вредност  како комбинација од природни феномени со квалитетот  и разновидноста на културното наследство – материјално и нематеријално.

Во  Охрид свои траги оставиле многу цивилизации. Седум илјади години на овие простори се градел вонвременскиот духовен и културен мозаик кој дополнително  ни дава сила полесно да ги прескокнеме препреките на сегашноста и да ги прифатиме предизвиците на иднината.

Сето тоа што го поседува Охрид не прави неизмерно горди, но и не обврзува на негова поголема заштита и напредок на секој план- рече градоначалникот Пецаков.

Пред присутните  проф. д-р  Гоце Тасески од Градежниот факултет од Скопје одржа презентација  на Основниот проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во село Трпејца.