ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“ (среда 9 октомври 2015 година)

Oхриѓани, во среда на 9 октомври 2015 година, во големата сала на општина Охрид, со почеток во 17 часот, ќе имаат можност по втор пат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“ .
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании, на заинтересираните ќе им ги објаснува сите детали и постапки, како преку овој проект на Владата на Република Македонија, на најлесен начин можат да го решат стамбеното прашање.

Првата презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“, се одржа во Охрид во средината на месец април годинава и за неа интерес пројавија голем број охриѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *